Прв циклус
Додипломските студии на сите насоки се изведуваат во 8 семестри. Првите три семестри се исти за сите профили со што се овозможува целосна интерна мобилност. Во четвртиот семестар 60% од предметите се насочени, а во натамошните семестри програмата е насочена според потребите на насоката.
10
студиски програми
Студентите активно учествуваат во наставата со изработка и презентација на групни или индивидуални семинарски работи.
Освен теренската настава, студентите активно учествуваат и во научната работа која интензивно се одвива во лабораториите на катедрите на Факултетот.
Професионалната практика можат да ја обавуваат во земјава или преку различни програми во странство, најчесто во Велика Британија, САД и Шведска.
Преку овој систем на образование, земјоделските инженери стекнуваат значајно ниво на знаење и вештини од областа на струката, но истовремено ги надградуваат личните референци со кои стануваат поконкурентни на пазарот на трудот.
После завршувањето на додипломските студии, студентите добиваат диплома дипломиран земјоделски инженер, а описот на профилот се содржи во документот уверение во согласност со студиската програма.
Додипломските студии на сите насоки се изведуваат во 8 семестри.
Првите три семестри се исти за сите профили со што се овозможува целосна интерна мобилност.
Во четвртиот семестар 60% од предметите се насочени, а во натамошните семестри програмата е насочена според потребите на насоката.
Предметите се едносеместрални, а студентите покрај задолжителните предмети, можат да запишуваат изборни и факултативни предмети.
Кредит-трансфер системот е целосно имплементиран.
Наставата, покрај контакт часовите, се базира на лична соработка на наставникот со секој студент и на континуирана проверка на знаењата.
Студентите активно учествуваат во наставата со изработка и презентација на групни или индивидуални семинарски работи.
Освен теренската настава, студентите активно учествуваат и во научната работа која интензивно се одвива во лабораториите на катедрите на Факултетот.