Започнете ја вашата кариера и следете ја вашата страст

Кај нас
студентскиот живот е разновиден и
инклузивен

За
Факултетот

Факултетот за земјоделски науки и храна е формиран на 16.12.1947 година и е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Во својата долгогодишна традиција, Факултетот остварува плодна наставна, научно-истражувачка и апликативна работа, како и активна соработка со домашни и странски сродни институции.

8172+

Дипломирани студенти

559+

магистри на науки

261+

доктори на науки

76+

години постоење

Капацитети

Факултетот располага со 6 амфитеатри со полн капацитет од над 700 студенти, 29 предавални со површина од 712 m2, со 9 специјализирани лаборатории со површина од 272 m2, 40 простории за експериментална работа со површина од 1200 m2, 100 простории за настава и административна работа со површина од 2156 m2, 11 простории во Деканатот со површина од 220 m2, 2 конференциски сали со површина од 180 m2, 1 конференциска сала за визитинг професори од 40 m2, 2 компјутерски простории со површина од 100 m2, библиотека со површина од 300 m2 и 1 простор за Студентската организација со површина од 30 m2.

Стипендии

МОН и МЗШВ обезбедуваат секоја година 30 стипендии во висина од 18.000 ден месечно, за студенти на додипломски – прв циклус студии, кои од I-та до тековно запишаната студиска година постигнале најмалку 8,00 просечен успех, а се запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки.

Новости и настани

Erasmus+ Project HEAL-in-ONE

На Факултетот за Земјоделски науки и храна во Скопје на 16.10.2023 година се одржа четвртиот транснационален состанок во рамките на проектот Erasmus+

Повеќе

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?

Are you ready to take the next step toward your future career?