Лаборатории
6
Акредитирани лаборатории
Во рамките на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје фукционираат и акредитирани лаборатории според МКС EN ISO/IEC 17025:2018.
Работа на акредитираните лаборатории е заснована на законска регулатива, согласно законски акти и стандарди, како што се: Закон за високо образование; Закон за акредитација; Стандардот за квалитет на лабораториско тестирање МКС EN ISO/IEC 17025:2018. Резултатите од тестирањата се веродостојни и валидни со највисок квалитет при работењето.
Лабораторијата е одговорна за сите тестирања што ги извршуваат, согласно барањата на меѓународните стандарди, методи, прописи, потребите на корисниците и законската регулатива.
Акредитираните лаборатории располагаат со најсовремена инфраструктура и обучен персонал, а резултатите од тестирањето се проверени во строго контролирани услови