Лабораторија за испитување на семиња од земјоделски растенија
Лабораторијата е основана во 1973 година. Лоцирана е на вториот кат од Факултетот (соба бр. 129), во две простории со вкупна површина од 55м2 .
Поважна опрема
- Апарат за мерење влага во жита;
- Климакомора “Kotterman”;
- Сушница INSTRUMENTARIA;
- Вага “Mettler P1200”;
- Дијафаноскоп;
- Фаринотоми;
- Стереомикроскоп MEOPTA 107336;
- Бинокулари “Eleitz Wetzlar”;
- Сортир апарат за семе (рачен и електричен) Paul Polikeit;
- Бројач за семе.
Анализи
Семе и саден материјал од поледелски, градинарски, фуражни и индустриски растенија
- Тестирање: чистота, ’ртливост, влажност, маса на 1000 зрна, хектолитарска маса, здравствена состојба;
Посеви од поледелски, градинарски, фуражни и индустриски растенија, лозови и овошни насади
- Тестирање: биолошка оцена на ефикасноста.
Дејност
Дејноста на овие лаборатории се реализира преку:
- Научни проекти од областа на општото поледелство и хербологијата (заштита од плевели);
- Анализи за трговски друштва за промет со семе и пестициди;
- Анализи за производители на семенски и посадочен материјал.
Контакт
Проф. д-р Мирко Михајловски (+389 2 3115277 лок.174)
Асистент м-р Звонко Пацаноски ( zvonkop@zf.ukim.edu.mk )
Лаборант Славка Николовска ( snikolovska@zf.ukim.edu.mk)