Факултетот за земјоделски науки и храна е институција која покрај првиот циклус (додипломски) студии, речиси шест децении организира настава и на втор циклус (магистерски) студии. Повеќе од 550 студенти се стекнале со диплома магистер по земјоделски науки, што е доказ за долгата традиција
9
акредитирани студиски програми
Студиите од втор циклус (магистерските студии) се организирани во посебни студиски програми и модули со траење од 2 или 4 семестри. На овие студии, покрај специјализираните знаења и вештини од одредени научни дисциплини, студентите се оспособуваат и за експериментална и научна работа.
После завршувањето на последипломските студии и јавната одбрана на магистерскиот труд, студентите се стекнуваат со научен степен магистер на земјоделски науки.