Квалитет и безбедност на зем. производи
Вовед
Студиската програма се состои од: – организирана академска обука, која содржи обука за истражување, напредни и стручни курсеви (предмети за стекнување генерички знаења и предмети за академска обука за стекнување напредни и стручни знаења), што се вреднува со 42 ЕКТС-кредити; – независен истражувачки проект за изработка на докторскиот труд под менторство (докторски проект), што содржи истражувачка работа под менторство и поднесување на предлог-докторски проект за изработка на докторски труд и се вреднува со 41 ЕКТС-кредит; – меѓународна мобилност, најмалку еднонеделен престој, што се вреднува со 6 ЕКТС-кредити; – предавања и друг вид комуникациски активности, што содржи учество на семинари и конференции, што се вреднува со 18 ЕКТС-кредити; – објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд, што се вреднува со 27 ЕКТС-кредити; – изработка и јавна одбрана на докторски труд врз основа на докторски проект, што се вреднува со 46 ЕКТС-кредити.
Програма
Прв семестар
| Ред. број | Назив на предмет/активност | Задолжителни предмети/активности | Изборни предмети | Припадност на предмет/активност согласно ЗВО |
|---|---|---|---|---|
| 1. | Етика во научноистражувачка работа од областа | 3 | Академска обука | |
| 2. | Методологија на научноистражувачка работа од областа | 3 | Академска обука | |
| 4. | Предмет за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети | 6 | Академска обука | |
| 5. | Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења (листа А) | 6 | Академска обука | |
| 6. | Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења (листа А или Б) | 6 | Академска обука |
Втор семестар
| Ред. број | Назив на предмет/активност | Задолжителни предмети/активности | Изборни предмети | Припадност на предмет/активност согласно ЗВО |
|---|---|---|---|---|
| 7. | Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења (листа Б) | 6 | Академска обука | |
| 8. | Предмет од студиската програма за стекнување напредни знаења (листа Б) | 6 | Академска обука | |
| 9. | Истражувачка работа под менторство (подготовка на предлог-докторски проект) | 14 | Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект) | |
| 10. | Прва годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности |
Трет семестар
| Ред. број | Назив на предметот | Задолжителни предмети/активности | Изборни предмети | Припадност на предмет/активност согласно ЗВО |
|---|---|---|---|---|
| 11. | Предлог-докторски проект | 27 | Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект) | |
| 12. | Прв докторски семинар | 3 | Предавања и друг вид на комуникациски активности |
Четврти семестар
| Ред. број | Назив на предмет/активност | Задолжителни предмети/активности | Изборни предмети | Припадност на предмет/активност согласно ЗВО |
|---|---|---|---|---|
| 13 | Изработка на докторскиот труд | 20 | Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект | |
| 14 | Меѓународна мобилност | 6 | Меѓународна мобилност | |
| 15 | Втора годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности |
Петти семестар
| Ред. број | Назив на предмет/активност | Задолжителни предмети/активности | Изборни предмети | Припадност на предмет/активност согласно ЗВО |
|---|---|---|---|---|
| 16. | Активности за објавувањето на два труда во референтна научна публикација | 20 | Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд | |
| 17. | Учество на меѓународен собир | 7 | Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд | |
| 18. | Втор докторски семинар | 3 | Предавања и друг вид на комуникациски активности |
Шести семестар
| Ред. број | Назив на предмет/активност | Вежби | Изборни предмети | Припадност на предмет/активност согласно ЗВО |
|---|---|---|---|---|
| 19. | Трета годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
| 20. | Одбрана на докторскиот труд | 26 | Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект | |
Предмети за стекнување на генерички знаења
| Ред. број | Код | Назив на предметот | Семестар | ЕКТС |
|---|---|---|---|---|
| 1 | КБЗП 1 | 1Етика во научноистражувачка работа | прв | 3 |
| 2 | КБЗП2 | 2Методологија на научноистражувачка работа | прв | 3 |
Изборни наставни предмети на студиската програма
| Ред. број | Код | Назив на предметот | Семестар | ЕКТС | Научна област на која му припаѓа изборниот предмет |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | КБЗП 20 | *Статистика во биотехнологија | прв | 6 | 40309. Друго |
| 2 | КБЗП 21 | Менаџмент со квалитет и безбедност на храна за животни | прв | 6 | 40806. Исхрана и диетика на животни |
| 3 | КБЗП 22 | Технологија на производство на јајца и производи од јајца – напредни поглавја | прв | 6 | 40808. Друго |
| 4 | КБЗП 23 | Технологии на одгледување животни – напредни поглавја | прв | 6 | Технологија на одгледување на животни – 40800. Говедарство, 40801. Свињарство, 40802. Овчарство, 40803. Живинарство, 40903. Циприниди |
| 5 | КБЗП 24 | Напредна помологија | прв | 6 | 40500. Овоштарство |
| 6 | КБЗП 25 | Технологија на масти и масла (одбрани поглавја) | прв | 6 | 40302. Индустриски растенија |
| 7 | КБЗП 26 | Производство и преработка на житни култури | прв | 6 | 40300. Житни култури |
| 8 | КБЗП 27 | Градинарски култури | прв | 6 | 40304. Зеленчук |
| 9 | КБЗП 28 | Квалитет на почви и води напредни поглавја | прв | 6 | 40110. Друго (наводнување) 40100. Педологија |
| 10 | КБЗП 29 | Маркетинг менаџмент на земјоделски производи | прв | 6 | 40103. Економика на земјоделството и развој |
| 11 | КБЗП 30 | Алкохолни пијалоци – напредни поглавја | прв | 6 | 40309. Друго |
| 12 | КБЗП 31 | Сензорно оценување на вино и алкохолни пијалоци – напредни поглавја | прв | 6 | 40309. Друго |
| 13 | КБЗП 32 | Винарство – напредни поглавја | прв | 6 | 40309. Друго (винарство) |
| Листа Б | |||||
| 14 | КБЗП 3 | *Физичко – хемиски опасности во храна – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 10700. Хемија |
| 15 | КБЗП 4 | *Биолошки опасности во храната – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 414. Прехранбена биотехнологија / 41403. Друго Квалитет и безбедност на храна) |
| 16 | КБЗП 5 | Адитиви во храна – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 10700. Хемија |
| 17 | КБЗП 6 | Микробиологија на земјоделски производи – одбрани поглавја | прв/втор | 6 | 41402. Микробиологија |
| 18 | КБЗП 7 | Kвалитет на суровини и преработки од овошје и зеленчук | прв/втор | 6 | 41400. Прехранбено инженерство |
| 19 | КБЗП 8 | Производство на безалкохолни пијалоци – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 41400. Прехранбено инженерство |
| 20 | КБЗП 9 | Автентичност на храна од ботаничко потекло | прв/втор | 6 | 40309. Друго (Ботаника) |
| 21 | КБЗП 10 | Физиологија на растенијата – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 40307. Физиологија на растенијата |
| 22 | КБЗП 11 | Природни ароматични и лековити суровини – одбрани поглавја | прв/втор | 6 | 40309. Друго (Ботаника) |
| 23 | КБЗП 12 | Инструментални методи за анализа – одбрани поглавја | прв/втор | 6 | 10700. Хемија |
| 24 | КБЗП 13 | Природни и синтетички адитиви – одбрани поглавја | прв/втор | 6 | 10700. Хемија |
| 25 | КБЗП 14 | Нутритивни и сензорски својства на преработки од овошје и зеленчук | прв/втор | 6 | 41400. Прехранбено инженерство |
| 26 | КБЗП 15 | Хигиена и санитација во производството на храна – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 414. Прехранбена биотехнологија / 41403. Друго (Квалитет и безбедност на храна) |
| 27 | КБЗП 16 | Менаџмент со квалитет и безбедност на млеко и млечни производи | прв/втор | 6 | 414. Прехранбена биотехнологија / 41403. Друго (Квалитет, безбедност и технологија на млеко и млечни производи) |
| 28 | КБЗП 17 | Технологии и безбедност на месо и преработки од месо – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 414. Прехранбена биотехнологија / 41403. Друго (Месо и преработки од месо) |
| 29 | КБЗП 18 | Молекуларни методи во контрола на земјоделски производи и храна – напредни поглавја | прв/втор | 6 | 41303. Животинска биотехнологија |
| 30 | КБЗП 19 | Квалитет на пчелни производи | прв/втор | 6 | 40400. Пчеларство |