Можности за вработување во земјоделскиот сектор – состојба и препораки за примарните производители, агробизнис секторот и младите од Пелагониски регион, се едни од резултатите на проектот Иновации во агробизнисот: Пат за одржлив економски развој – Renaissance, финансиран од програмата Interreg IPA CBC
–
2014-2020 година, имплементиран од Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ), под координаторство на Проф. д-р Ивана Јанеска Стаменковска.


Презентацијата на резултатите, како и обуката за советниците од АПРЗ беа реализирани од страна на дел од експертите во проектот, Проф. д-р Јован Аждерски, Проф. д-р Марина Нацка, Проф. д-р Ана Симоновска и Проф. д-р Емељ Туна.