Лабораторијата за хемиска анализа на примарни земјоделски производи и нивни преработки

Лабораторијата за хемиска анализа на примарни земјоделски производи и нивни преработки (Л-07) на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е акредитирана лабораторија.

Имено, на 1.9.2023 година, Лабораторијата доби сертификат за акредитација, издаден од Институтот за акредитација на РСМ, со кој се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот MKS EN ISO/IEC 17025:2018 за аналитичкиот метод за определување на ацесулфам К, натриум сахарин, аспартам, кофеин, натриум бензоат и калиум сорбат во безалкохолни пијалаци, како што се освежителните газирани и негазирани пијалаци, овошните сокови, енергетските и спортските пијалаци, инстант пијалаците и др.

Акредитираниот аналитички метод наоѓа примена за контрола на квалитетот и безбедноста на безалкохолните пијалаци, но може да се примени и за други прехранбени производи.

Овој метод може да биде корисен за производителите на безалкохолни пијалаци и други прехранбени производи, инспекциските органи, истражувачите и академската заедница, како и потрошувачите.

Покрај акредитираниот метод, во лабораторијата се изведуваат и други хемиски анализи кои имаат придонес во одредување на квалитетот и безбедноста на храната, како што се:
– Определување на адитиви во различни прехранбени производи;
– Определување на различни хемиски компоненти, особено биоактивни компоненти во земјоделски производи и нивни преработки;
– Определување на остатоци од пестициди во примероци од овошје, зеленчук и вода и др.

Акредитацијата е реализирана во рамките на проектот „Разработка и валидација на аналитички метод за истовремено определување на конзерванси, засладувачи и кофеин во безалкохолни пијалаци“, финансиран од Министерството за образование и наука на Р. С. Македонија. 

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?