Лабораторија за испитување на грозје, вино и алкохолни пијалоци

Лабораторијата припаѓа на Катедрата за лозарство и винарство. Лоцирана е на вториот кат од Факултетот за земјоделски науки и храна во просторија бр.55 со вкупна површина од 40м2. Опремена е со апарати и инструменти за анализа на поважни показатели за хемискиот состав на вино и алкохолни пијалаци.

Анализи

  • Хемиски состав на грозје, вино и алкохолни пијалаци;
  • Органолептичка оцена на грозје, вино и алкохолни пијалаци;
  • Анализа на фенолниот состав на белите и на црвените вина.

Анализите на виното и јаките алкохолни пијалаци се изведуваат според меѓународно признаените методите на OIV (Office International of vine and wine).

Дејност

  • Научни проекти од областа на винарството и алкохолните пијалаци;
  • Анализи за винарската индустрија;
  • Контрола на квалитетот и супер анализи на виното и алкохолните пијалаци во надворешно трговскиот промет.

Контакт

Проф. д-р Михаил Петков (тел: +389 2 3255100 лок. 201) е-маил: mpetkov@fznh.ukim.edu.mk
Доц. д-р Златко Прцуловски (тел: +389 2 3255100) е-маил: zprculovski@fznh.ukim.edu.mk

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?