Стипендии

40

стипендии за талентирани студенти за учебната 2023/2024 година од Организацијата Македонија 2025 и Фондацијата „Атанас Близнакоф“ од САД.

30

стипендии за студенти на додипломски-прв циклус студии, кои од I-та до тековно запишаната студиска година постигнале најмалку 8,00 просечен успех.

240

стипендии, распоредени по 10 за секој факултет, наменети за студентите запишани во прва година на прв циклус студии донесена од Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Стипендии

За студенти чие родителско право го врши само еден родител

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 282. седница одржана на 20.6.2023 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2023/2024 година.

Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2023/2024 година. (линк)

За студенти запишани во прва година на прв циклус студии

Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 33. седница одржана на 27.6.2022 г. донесе Одлука да се доделат 240 стипендии, распоредени по 10 за секој факултет, наменети за студентите запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2023/2024 година.

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?