Научната соработка на Факултетот најчесто се остварува преку учество во научно- истражувачки меѓународни проекти, како и на семинари, конференции и конгреси од меѓународен карактер. За таа цел, Факултетот активно учествува во научно-истражувачки проекти поддржани од меѓународни организации и програми: Horizon 2020, Horizon Europe, Erasmus+, UNDP, UN Women, SIDA, FAO, IAEA, SWG, JICA, USAID, GTZ, TUBITAK, UNESCO, SCOPES, TEMPUS.
На овој начин се овозможува унапредување на научното истражување, развој на образовниот процес, но и стекнување материјални ресурси за подобрување на високото образование и науката. Унапредувањето на науката и наставата се постигнува и преку предавања за пренесувања на искуства од страна на реномирани професори од првите 500 меѓународно рангирани универзитети.
КОНТАКТ ФОРМА
Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?