За факултетот

Факултетот за земјоделски науки и храна − Скопје е водечка институција во македонското високото образование од областа на земјоделството веќе седумдесет и пет години.

Факултетот е една од најстарите високообразовни институции во Македонија, кој заедно со Медицинскиот факултет и Филозофскиот факултет е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот започна со работа во 1947 година под името Земјоделско-шумарски факултет.

Дваесет и осум години подоцна, од овој факултет се издвоија два независни факултети, Земјоделски факултет и Шумарски факултет.

Земјоделскиот факултет во 2004 година е преименуван во Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје.

8172+

ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ

559+

МАГИСТРИ НА НАУКИ

261+

ДОКТОРИ НА НАУКИ

76+

години постоење

Историјат

Факултетот за земјоделски науки и храна е формиран на 16.12.1947 година и е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Мисија и
Визија

Ние ве подготвуваме да ја започнете вашата кариера обезбедувајќи креативна и професионална поддршка. Нашата мисија е да ги подготвиме студентите да разберат, да придонесат и да успеат во општеството што брзо се менува, со што заедно ќе ја направиме нашата држава подобро и попросперитетно место за живеење.

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?