Центар за кариера

ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА ПРИ
ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА

Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна е главната врска меѓу студентите и бизнис-секторот. Центарот за кариера одржува контакти со студентите кои дипломирале на ФЗНХ (алумни), но, посветен е и кон идните генерации студенти.

Кариерниот центар обезбедува информации што ќе го олеснат изборот на најсоодветна студиска програма за идните генерации студенти, како и условите за студирање и расположливите капацитети на Факултетот.

Центарот соработува со повеќе од 300 компании од областа на земјоделството и на храната во нашата држава, во кои се реализира 30-дневна практична работа за студентите, преку нивно ангажирање во различни периоди од годината, а во согласност со потребите и барањата на компанијата. На овој начин, студентите се во можност да се здобијат со практично искуство, потребно за нивната идна кариера, остваруваат и директен контакт со потенцијалните работодавци. За сите активности на Центарот за кариера, студентите можат да добијат информации во канцеларијата на центарот на ФЗНХ или преку маил на: kariera@ fznh.ukim.edu.mk

Главни цели на Центарот за кариера се:

• Воспоставување на постојана врска помеѓу Факултетот, студентите и бизнис секторот;

• Информирање на студентите за вршење практична настава и организирање контакти со компании кои ги користат современите техники и технологии во областа на земјоделството и производството на храна;

• Олеснување на пристапот на студентите до работодавачите, како и обезбедување информации за можностите за вработување;

• Одржување на соработката со студентите кои дипломирале (алумни), како и зајакнување на нивните активности со Центарот и со Факултетот;

• Промоција на ФЗНХ пред идните студенти, медиумите и други настани.

• Организирање работилници и семинари за студентите, со цел подобрување на нивните вештини, лични карактеристики, комуникација итн.

• Организирање теренски предавања на отворено, професионални посети на саеми, учество на симпозиуми, конгреси, работилници, средби на различни генерации, итн.

 

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?