Лабораторијата припаѓа на Катедрата за лозарство и винарство. Лоцирана е на вториот кат од Факултетот за земјоделски науки и храна во просторија бр.58 со вкупна површина од 40м2. Опремена е со апарати и инструменти за анализа на механичкиот состав на грозјето и хемискиот состав на ширата.
Анализи
Дескрипциска анализа и идентификација на сортите;
Механички состав и својства на гроздот и зрното;
Хемиски состав на ширата;
Сортна чистота и квалитет на лозов саден материјал.
Анализите се изведуваат според меѓународно признаените методите на OIV (Office International of vine and wine). Дејност
Научни проекти од областа на лозарството;
Анализи за лозарската индустрија;
Контрола на квалитетот и сортноста на лозов репроматеријал и лозов калем.