Факултетот располага со 6 амфитеатри со полн капацитет од над 700 студенти, 29 предавални со површина од 712 m2, со 9 специјализирани лаборатории со површина од 272 m2, 40 простории за експериментална работа со површина од 1200 m2, 100 простории за настава и административна работа со површина од 2156 m2, 11 простории во Деканатот со површина од 220 m2, 2 конференциски сали со површина од 180 m2, 1 конференциска сала за визитинг професори од 40 m2, 2 компјутерски простории со површина од 100 m2, библиотека со површина од 300 m2 и 1 простор за Студентската организација со површина од 30 m2.
БИБЛИОТЕКА
Библиотеката на Факултетот има фонд од над 120.000 списанија и 28.000 книги и монографии од домашни и странски автори. Библиотеката има добиено статус на национален AGRIS Центар за Република Македонија. Центарот овозможува соработка со светски научни институции и индексирање на македонските автори во меѓународни бази на податоци. Библиотеката е полноправна членка на системот COBISS.MK.
КОНТАКТ ФОРМА
Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?